ВЕСТИРЕГИОН

Вархеји: Има комплетен застој во Софија, моментално не се зборува за никаква преговарачка рамка

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, попладнево изјави дека не се зборува за преговарачка рамка со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisements

На прашање на МИА дали Европската Комисија ќе гарантира дека конечната преговарачка рамка меѓу ЕУ и Северна Македонија нема да ги прекршува вредностите, правилата и принципите на ЕУ, еврокомесарот Вархеји порача дека не се зборува за преговарачка рамка воопшто.

-Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ, нема преговарачка рамка во овој момент, изјави Вархеји.

Еврокомесарот за проширување потоа додаде дека се надева оти одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи за неколку дена.

-Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија, рече Оливер Вархеји, одговарајќи на прашање дали Украина и Молдавија би можеле да започнат преговори пред Скопје и Тирана откако двете земји денеска добија препорака за кандидатски статус за членство во ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button