ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

БСП: Ветото останува, без разлика на содржината на францускиот предлог

Без разлика што ќе содржи францускиот предлог, ветото за С Македонија нема да се повлече, рече во емисија за Бугарското национално радио заменик претседателот на Народното собрание на Бугарија и потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Кристијан Вигенин.

Според него, во наредните денови „ќе пукне следниот балон“ – темата Северна Македонија, која на најбрутален начин ја искористила „Има таков народ“ за да ги оправда своите „виорни движења“ во последните недели.

„Дефинитивно нема да има укинување на ветото. Каков предлог и да дојде од француското претседателство допрва ќе се разговара, но тоа не може да се случи следната недела. Имаме доволно време да видиме дали е тоа добро за Бугарија, кои се следните чекори и да се изгради стратегија. Нема итност по ова прашање“, изјави Вигенин.

Во досегашната влада учествуваа ИТН, БСП, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија.

Извор: 24casa

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button