ЗДРАВСТВО
Бројот на новозаразени со коронавирус и понатаму е троцифрен

Од Министерството за здравство соопштуваат дека во последните 24 часа, 788 лица биле позитивни на Ковид 19, од кои 191 лице се повторно инфектирани. Најголем број случаи, поточно 350 се од главниот град. Од Институтот за јавно здравје соопштуваат дека има 540 оздравен пациенти и 4 починати. Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести одржа состанок од кој не произлегоа нови мерки, но беше одлучено од следната недела на територијата на Скопје да започнат со работа 5 амбуланти за ковид.