ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените растат а количината на храна се намалува

Цените растат а количината на храна се намалува

За економската маржа на основните прехранбени производи, надлежните досега зборуваа само за позитивните ефекти. Сепак, економските експерти велат дека долгорочно ограничувањето на даноците и цените на слободниот пазар предизвикува нуспојави, од кои негативно ќе влијаат и врз граѓаните. Професорот Абил Бауши рече дека маржата го намалила квантитетот и квалитетот на прехранбените производи. Според него злоупотребите се евидентни.

„Во одредени ситуации се презентираат заменски производи, а некои производи веќе воопшто не се достапни на пазарот. Сега сме соочени со две ситуации, првата е намалувањето на квалитетот на производите за масовна потрошувачка, а од друга страна се прикажуваат високи цени”, рече Абил Бауши, економски експерт.

Но додека цената расте, количината кај некои прехранбени производи е значително намалена во пакувања и амбалажи. Со други зборови, граѓаните секојдневно се изненадени од тоа колку плаќаат и што добиваат.

Поскапувањето на прехранбените производи за граѓаните не е единствениот проблем, покрај намалувањето на квалитетот, намалена е и количината која ја добивате за истата цена. Во бурекчелници во Скопје се продава, на пример, половина кифла со виршла за иста цена. Јогурт, граѓаните повеќе не купуваат.

Поскапувањето на основните производи стана секојдневие. Литар млеко достигна 95 денари, а килограм кашкавал се продава поскапо од месото. Поскапувања има насекаде низ светот, за што имаше и протести. Поради цените на храната, вртоглавите сметки за струја, околу 10.000 луѓе излегоа на протестите на улиците на Брисел./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button