ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ќе има и плати и пензии, граѓаните да бидат спокојни, уверува Тренчевска

Пари за исплата и на плати и на пензии ќе има, уверува министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Говорејќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, Тренчевска утринава кажа дека во Буџетот се предвидени средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита.

„Граѓаните да бидат спокојни, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати“, рече Тренчевска и посочи дека средства за исплата на пензии, плати и надоместоците за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот“.

Во насока на исплата на пензиите, Тренчевска кажа оти пензионерите веќе ги добиле септемвриските пензии кои од овој месец се зголемени за 6,8 отсто согласно новата методологија за усогласување на пензиите двапати годишно – во март и септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button