ЗДРАВСТВО

СЗО: Пандемијата создаде глобална криза на менталното здравје

Пандемијата на Ковид-19 создаде глобална ментална здравствена криза, поттикнувајќи стрес и поткопувајќи го менталното здравје на милиони луѓе, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври.

Advertisements

Дури и пред пандемијата, се проценуваше дека еден од осум луѓе во светот живее со ментално растројство, а Ковид-19 дополнително доведе во прашање многу аспекти на менталното здравје, предупреди СЗО и повика менталното здравје и благосостојба да станат глобални приоритет, пренесе Фена.

Проценките покажуваат зголемување на анксиозноста и депресивните растројства за повеќе од 25 проценти во текот на првата година од пандемијата. Истовремено, услугите за ментално здравје се сериозно нарушени, а нееднаквоста во третманот на менталните нарушувања меѓу богатите и сиромашните дополнително се прошири.

Извор: ФЕНА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button