ЗДРАВСТВО
Кина почна да користи вакцина против коронавирусот која се вдишува

Во Шангај денеска почна да се користи првата вдишлива вакцина против коронавирусот, а таа ќе биде бесплатна засилена доза за луѓето кои веќе се вакцинирани, се вели во соопштението на кинеските здравствени власти. Вакцинацијата против коронавирусот не е задолжителна во Кина, но властите сакаат што е можно повеќе луѓе да добиваат дополнителни дози пред да се олеснат строгите ограничувања, бидејќи мерките за борба против пандемијата ја забавуваат економијата во време кога остатокот од светот го укина најголемиот дел од мерки.