ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно дојави за бомби во две скопски училишта

Две скопски училишта и утринава преку своите мејл-адреси добиле дојави за поставени бомби во своите објекти. Едно од училиштата, според информации на МИА, е скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Во моментов, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА, се преземаат мерки за безбедна евакуација во училиштата, а во тек се и антитерористички проверки.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за МИА.

Пријавите за дојави за бомби во средните училишта во Скопје почнаа пред две недели, а оттогаш училиштата во главниот град беа евакуирани во пет наврати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button