ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Само петтина од компаниите се пријавиле за субвенционирана струја

Од околу 1000 компании од прехранбениот сектор за користење на субвенционира струја од државата пријавени се само 235 компании. Од владата информираа дека оние апликации кои не се комплетни ќе имаат дополнително време да се соберат сите потребни документи и за нив поевтина електрична енергија ќе има од јануари следната година. Без разлика што останатите 750 фирми нема да користат струја по 80 евра за мегават час, и тие ќе треба да ги намалат своите производи во малопродажбата. Доколку не го сторат тоа министерот за економија Крешник Бектеши лично им се закани дека, овојпат нема да поминат неказнети.

„Од први декември сите тие компании кои може да ја користат оваа мерка а се околу 1000 компании, некои се навистина мали пекари, во главно големи производители се околу 180. Сите тие треба да ги намалат цените на производите кои се во одлуката за трговска маржа. Во случај тоа да не се случи, сами ќе видите какви мерки ќе се носат“, рече Бектеши.

Евтина струја за индустријата беше меѓу главните барања на стопанствениците, кои се жалеа дека ќе пропаднат и ќе треба да стават клуч на врата поради високите цени на струјата. Зошто сега се пријавија само петтина од фримите да користат субвенционирана струја нема објаснување.

За субвенционирана струја се пријавиле и само половина од основните и средните училишта иако градоначалнците велат дека без помош од државата ќе банкротираат а децата ќе останат без греење. Надлежните се лути на градоначалниците, кои освен јавното осветлување сакале со евтина струја да ги покријат и административните згради, тоа владата не го дозволува.

„Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња, да си држи состаноци и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните. Овие мерки не се за некој во време на криза ужива во удопство, а друг да не може да сврзе крај со крај“, рече премиерот Ковачевски.

Скапата струја, трговците ја наведуваа како причина за да ги зголемат цените на храната.. Сега, без разлика дали се пријавиле или не за субвенионирана струја,по први декември имаат обврска да ги намалат цените на храната за најмалку 10 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button