ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бојан Маричиќ: Не сме далеку од 80 пратеници

Блокадата е во наши раце и од нас зависи текот на преговарачкиот процес, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој кажа дека лидерските средби ќе продолжат, со цел да се изнајде двотретинско мнозинство за уставните измени за внес на Бугарите.

„Разговараме со сите групи и со сите пратеници и убеден сум дека не сме толку далеку, колку што може да изгледа, од 80“, рече Маричиќ.

Прашан за зачестените посети на европски функционери и државници и дали тие ќе успеат да го променат ставот на опозицијата за уставните измени, Маричиќ одговори дека ова не претставува притисок, туку само му се давало внимание на процесот на земјава.

„Кон крајот на овој месец ќе дојде и германскиот претседател во посета и тој тренд нема да застане и во текот на наредната година. Мислам дека Северна Македонија треба да го искористи вниманието што го има од европските лидери и европските институции, но и од државите-членки, затоа што тој фокус треба да го искористиме во наша полза за да ги отстраниме сите пречки, вклучувајќи ги и уставните измени“, додава Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека е добар сигнал што дел од законите со европско знаменце го минале собранискиот филтер со поддршка и од опозициските партии. Зборувајќи за улогата на опозицијата во преговорите за членство, Маричиќ кажа дека очекува да се вклучи Националниот совет за евроинтеграции и дека сега на потег е пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на овој совет.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button