ЗДРАВСТВО

За несудениот клинички центар не 19, туку 8 милиони евра казна!

Министерот за здравство Беким Сали, вели дека италијанската фирма која го доби договорот за изградба на новиот клинички центар бара отштета од 8 милиони евра, но не кажа зошто. Сали рече дека нивното барање се разгледува од почеток, но демантира дека компанијата бара скоро 20 милиони евра.

Advertisements

„Имаме документ со барање од 8 милиони евра, за кој немаме одговор за средба од истата фирма што го доби тендерот кој беше поништен. Компанијата треба да дојде и да покаже за што ги бара парите. Сè уште немаме одговор од италијанската фирма до нас во министерството, за раскинување на договорот за Клиничкиот центар. Немаме официјална комуникација помеѓу проектната единица и италијанската фирма, која последен пат нè контактираше преку адвокатската канцеларија во Италија. Очекуваме каков било епилог од таа комуникација и не можеме да одговориме на вакви неосновани тврдења. Овие 19,5 милиони се шпекулации“, вели министерот Сали.

Договорот за изградба на новиот клинички центар беше потпишан во мај 2017 година, но потоа раскинат една година подоцна. Изградбата на нов клинички центар останува меѓу приоритетите на државата, но засега без конкретни чекори.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button