ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се истражува кој објавува списоци со ковид-заразени

Основното јавно обвинителство после објавената сторија на Алсат ќе истражува од каде протекуваат информациите за тоа кои граѓани на Охрид се позитивни на Ковид 19. Списоци со нивните имиња секојдневно и понатаму кружат во охридската јавност низ социјалните мрежи.

Основно јавно обвинителство:

„По добиено известување од СВР Охрид, Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет, по кој јавен обвинител презема дејствија за утврдување на факти и прибирање податоци.“

Дел од оние чии имиња се најдоа на списоците во телефонска изјава за Алсат бараат итна реакција на државата.

„Многу сум револтирана. Од денот кога го добив резултатот дека сум позитивна излегоа списоци со имиња, меѓу кои и моето име. Не знам кој си зема за право да нè објавува со име и презиме и да пушта во јавност такви информации…“

Она што уште повеќе ја вознемирува јавноста е што списоци се објавуваат на интернет секојдневно, паралелно со информациите што ги добиваат здравствените институции на дневна основа.

„…Дали знаат тие што значи, да имаш деца во странство и да му пушти некој во порака список на којшто се наоѓа името на неговата мајка дека е позитивна?! Тоа е шок и голем стрес за семејството.“

Од каде навистина излегуваат овие информации и кој ги пушта на интернет, од Центарот за јавно здравје и од болницата во Охрид, го велат следното:

Тие списоци не се поврзани со општа болница Охрид, но не е коректно да излегуваат такви списоци на сите позитивни…“-рече Горан Балев-директор на општа болница во Охрид.

Одговорно тврдам дека ниту еден податок, ниту еден список не е излезен од Центарот за јавно здравје“-изјави Сашо Точков-директор на центар за јавно здравје Охрид.

Во случајот станува збор за кривично дело, велат правници кои ги консултираше Алсат. Според Законот за заштита на правата на пациентите тие податоци се тајни и можат да се дадат само на пациентот или член на неговото семејство. Казната за прекршување на законот е парична глоба или затвор до една година, а ако делото го сторило службено лице, казната е од три месеци до три години затвор.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button