ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Агенцијата за млади без критериуми доделувала ваучери за спортски клубови

Антикорупциска: Агенцијата за млади без критериуми доделувала ваучери за спортски клубови

Антикорупциската комисија одлучи да покрене иницијатива во Јавното обвинителство, за кривично гонење против актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, како и за членовите на Централната комисија. Ова се должи на сомневањата за злоупотреба и непочитување на „ваучер системот“ за финансирање на фондации и спортски клубови. Според анализата на Антикорупциска, околу една милијарда денари се инвестираат во спортот на различни начини, но Агенцијата за млади и спорт нема отчет како се делат и трошат парите.

Advertisements

.Претседателката на Антикорупциската комисија, вели дека сегашниот систем за финансирање на спортот е неефикасен. Таа додава дека никому не даваат отчет за милијардите вложени во спортот.

Од Антикорупциска до Владата ќе поднесат иницијатива за утврдување на одговорноста за службените лица на Агенцијата, додека во Управата за јавни приходи за надзор на сите спортски субјекти кои искористиле средства преку ваучер системот во периодот 2020-2022 година. По објавувањето на сведочењата на Антикорупциска, Олимпискиот комитет побара од Владата да го разреши директорот Наумче Мојсовски, поради злоупотреба на службената должност./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button