СПОРТ

Лара Гут Бехрами, го освои малиот Кристален глобус

Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами победи на последниот супер-велеслалом сезонава. Таа на тој начин го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина на финалето на Светскиот куп во алпско скијање во Солде.

Advertisements

Олимписката шампионка славеше со време од 1:26.70 минути. Таа беше 22 стотинки побрза од Италијанката Федерика Брињоне, а 47 стотинки од Норвежанката Рагнхилд Мовинкел. Пред трката, пет скијачики беа во конкуренција за малиот Кристален глобус во супер-велеслалом, бидејќи имаше седум различни победнички на претходните седум трки.

На крајот го освои Гут Бехрами, четврти пат во кариерата, по 2014, 2016 и 2021 година.
Американската скијачка Микаела Шифрин, која претходно го освои големиот Кристален глобус, трката ја заврши на 14. место. Во конечниот пласман во оваа дисциплина позади Гут Бехрами завршија Брињоне и Мовинкел./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button