ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Абази: Вработените во матичните книги погрешно го разбрале мејлот

Абази: Вработените во матичните книги погрешно го разбрале мејлот

Директорот на Управата за водење на матични книги Блерим Абази ги отфрли како невистинити вчерашните тврдења на вработените во тетовската Дирекција, за наводни откази поради штрајкот. Абази вели дека немало никаков притисок или закана како што тврдат работниците кои според него не го разбрале официјалното известување во електронска форма за извршување на обврските додека штрајкуваат.

Advertisements

„Побарав да се почитува Законот, да се завршат предметите кои имаат определен рок, бидејќи тоа ќе биде на штета на граѓаните и постапката ќе треба да се повтори од почеток, а граѓаните ќе бидат принудени да плаќаат. Затоа побарав раководителите на сите единици на територијата на Република Северна Македонија да ги информираат вработените за овие прашања и за почитувањето на Законот за овие прашања.  Но, за жал, вработените погрешно ја разбрала електронската пошта  и по некое време една се онесвестила, но тоа нема врска со отказ ниту за неа ниту за другите вработени во матичните книги“, рече Блерим Абази, директор на УВМК.

Абази изјави дека работи на решавање на нивниот проблем.

Алсат го обезбеди и дописот кој вчера беше испратен до раководителите на подрачните единици, со цел да се информираат вработените за организацијата на работата.

Визард „Се задолжуваат раководителите, но и одговорните лица, правилно да го спроведуваат Законот за работни односи, член 236 алинеја 6, со кој се  потврдува дека „штрајкот треба да се организира на тој начин да не ја запира или попречува организацијата и текот на работата за работниците кои не учествуваат во штрајкот, како забрана за влез на работодавачот на нивните работни места“. И член 237 алинеја 2 кој вели дека „бројот на отпуштени лица не треба да биде поголем од 2 отсто од бројот на работниците кои учествуваат во штрајкот“.

Во подрачната единица на матичните книги во Тетово се вработени 59 лица, додека на државно ниво околу 500 лица кои веќе шест недели штрајкуваат со барање за зголемување на платите за 30 отсто.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button