МАКЕДОНИЈА

Адеми: Преку законски измени, 51 учебник е променет

Поранешниот министер за образование, Арбер Адеми во своето вечерашно гостување во емисијата 200 на Алсат рече дека во времето кога тој беше заменик министер, а потоа и министерот за образование иницирал промени во Законот за учебници за основно и средно образование, по што, според него, се подобрени 51 учебник.

„Претходната законска рамка не дозволуваше можност за корекција на учебниците. Во 2018 година, во тоа време како заменик. министер, а потоа како министер го сменивме законот каде што рековме ако во текст одобрен за употреба, постојат пречки или недостатоци во однос на научните, методолошките, техничките, како и во однос на преводот и адаптацијата и кои не надминуваат повеќе од 30 проценти од вкупната содржина на учебникот, педагошката служба од авторот, соодветно на авторите или издавачите бара предлог за промена на содржината, но истиот закон предвидува авторот, по сопствена иницијатива, или издавачот да побара подобрување на учебниците. Како резултат на промената на законската рамка, 51 учебник за прв пат е коригиран, содржината на учебниците е подобрена и тоа го сторивме со конкретен план“, рече Арбер Адеми, поранешен министер за образование.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button