ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши ќе раководи со Алтернатива во следните 4 години. На првиот конгрес на партијата тој попладнево ја доби довербата од мнозинството делегати.

„Тоа е чест и почит за мене и верувам дека нема да ги разочарам активистите и гласачите на Алтернатива, но и сите други граѓани, затоа што ова е голема одговорност за мене“,  изјави Африм Гаши, Претседател на Алтернатива

Но, Конгресот заврши под сенка на незадоволството од пратеникот Скендер Реџепи и неколкумина други кои не се појавија. Тој не е задоволен од настапот на неговиот субјект во Владата за целите за кои станале дел од неа. Запрашан дали тоа значи раскол, Реџепи вели дека не дошол за да не се случи токму тоа, но дека во суштина има барања за одговорност од раководството.

„Пред неколку денови јавно ги кажав моите ставови во врска со учеството на Алтернатива во Владата, како и моето незадоволство што не се спроведува ниту една точка од договорот. Посакувам што поскоро да се реализираат предвидените програмски определби бидејќи интересот на граѓаните треба да биде над личниот интерес. Моето неучество беше токму за да се избегне можноста од поделби и се очекува реакција од раководството за владината платформа“, изјави  Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива

Но, Гаши вели дека Реџепи не бил единствениот делегат кој не дошол и оти одлуката е лична.

„Беше поканет како и сите други делегати кои не дојдоа. Сите ги знаат причините, но поканата им беше врачена на секој посебно до секој партиски делегат“, Африм Гаши, претседател на Алтернатива

За неспроведувањето на програмските точки за кои Алтернатива стана дел од Владата, како што за решавање на монтирани случаи и одредување датум за преговори со ЕУ, Гаши рече дека бил свесен за можноста за неспроведување и во моментот кога го направил договорот со поранешниот премиер Зоран Заев.

„И тој ден не бев сигурен дека секоја точка ќе се реализира. Она што сакав да го направам е дека како политичка партија ќе треба да бидеме транспарентни и да влеземе во Владата со пишани и објавени договори за граѓаните да знаат на што сме посветени, да ја следат нашата работа и колку точки сме реализирале. Во моментот кога ќе бидат распишани избори, ќе се појавам пред вас и ќе ви кажам за секоја точка, дали се реализирала или не и кои биле причините“, Африм Гаши, претседател на Алтернатива

Инаку, Гаши е против предвремени парламентарни избори, а за измените во Изборниот законик рече дека неговата партија ја поддржува идејата за една изборна единица. /Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button