МАКЕДОНИЈА

Агелер за уставните измени: Лидерите да го земат предвид интересот на државата и граѓаните

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, коментирајќи ги последните политички случувања во врска со уставните измени и разликите меѓу двата најголеми политички субјекти по ова прашање, рече дека политичките лидери мора прво да го земат предвид интересот на државата и граѓаните. Според неа, уставните измени би биле чекор напред кон интеграцијата на државата.

„Најдобар начин е ова да не се прави во премногу политизирана средина со политизирана реторика, да се оди напред како лидери на која било партија, имајќи го предвид најдобриот интерес на земјата и нејзините граѓани. Ова вклучува гласање за уставниот амандман и значи одење напред како држава… Мојата најголема надеж е дека политичките лидери ќе го направат она што треба да го направат за да се придвижат кон евроинтеграциите“, рече Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button