ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор

Директорот на Националната агенција за безбедност Виктор Димовски утре на затворена седница на Владата ќе извести за сите процедури како украинскиот олигарх Олександер Онишченко станал наш државјанин. Кон крајот на декември, според премиерот Димитар Ковачевски, АНБ ќе има нов директор.
Но, Димовски не заминува поради одговорност за случајот Онишченко, туку кариерата си ја продолжува како амбасадор во Франција.

Advertisements

Минатата недела Димовски за случајот со Украинецот извести на затворена седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Рече дека лицето што го потпишало позитивното мислење е лоцирано, но треба да се докаже дали тоа го сторил поради пропуст, намерно или заради интерес.

Олександер Онишченко доби државјанство со одлука на Владата во мај годинава. Тој е на американската црна листа, а украинската полиција го бара со потерница за злоупотреба на 100 милиони евра. Во исто време со Онишченко, како криминалец од меѓународно ниво кој доби државјанство, во земјава има илјадници луѓе кои освен што не се осудени, немаат никакви казни, но со текот на годините власта ги смета за опасни и не им дава државјанство.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button