ЗАБАВАПОСЛЕДНИ

Ајде да готвиме: Колач – munchmallow!

Ако сакате да подготвите нешо едноставно, а вкусно обидете се со овој рецепт.

Потребно:

  • 5 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 филџан масло
  • 2 дл млеко
  • 200 гр брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици какао ( или чоколадо во прав)
  • + 359 гр шеќер
  • + 1 чаша млеко

Постапка

Пандишпан:

Ги двоиме белките од жолчките.

Жолчките ги матиме со шеќерот (200гр). Потоа го додаваме масло, млекото, брашното, пецивото и матиме, а на крај се додава и какаото.

Печеме во загреана рерна на 200′.

Од кога ќе се испече се лади пандишпанот и се полева со една чаша млеко.

Фил:

Ги матиме белките да станат како снег. Во тенџере го ставаме шеќерот (350гр) и додаваме вода, но многу малку, колку да се натопи. Се вари се додека не се направи шербет. Откако ќе биде готов шербетот полека со матење го додаваме во белките и матиме уште 7-8 минути за убаво да се соединат.

Над пандишпанот го додаваме филот. Над филот декорираме со топенo чоколадо, какао, чоколадо во прав, може и со сезонско овошје.

Но, мојот избор секогаш е топено чоколада бидејќи е највкусно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button