СПОРТФУДБАЛ

Ако изгубат од Романија, отказ за Мурат Јакин?!

Репрезентацијата на Швајцарија се пласираше на ЕП, но за првото место во групата мора да победи во последното коло во Романија, која моментно ја држи лидерската позиција во И групата. Швајцарците не ги исполнија очекувањата на своите навивачи, кои веруваа дека треба да доминираат во оваа група.

Швајцарските медиуми шпекулираат за евентуален отказ на селекторот Мурат Јакин. Пораз или реми во Романија веројатно би довеле до вакво сценарио. Веќе се споменуваат имињата на можните наследници, а тоа се Лусиен Фавр, Ален Гајгер и Мауро Лустринели.

За селекторот проговори и капитенот Гранит Џака, кој во Баер Леверкузен игра одлично, за разлика од она што го прикажува во националниот тим.

„Селекторот гледа колку сум доминантен во клубот на мојата позиција. Но тој одлучува на која позиција ќе играм, тоа не е моја работа. Каде и да играме, мораме да го дадеме нашиот максимум. На крајот од денот само тоа е важно“, рече Џака.

Јакин ја презеде репрезентацијата на Швајцарија по Европското првенство во 2021 година. Тој ги однесе Швајцарците на Светското првенство во Катар, каде во осминафиналето загубија од Португалија со 6:1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button