ВЕСТИРЕГИОН

Столтенберг во Сараево: НАТО е загрижен поради сецесионистичката реторика и руското влијание

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во рамки на посетата на Босна и Херцеговина денеска се сретна со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто (ХДЗ) и министрите, рече дека тема на разговорот била безбедносната состојба во земјата и регионот.

„Загрижени сме со сецесионистичката реторика и руско влијание“, рече Столтенберг на денешната прес-конференција во Сараево.

Тоа, како што рече, се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите.

„Сите лидери мора да работат на напредок. Тоа е исклучително важно за нас и ние сме посветени на безбедноста и стабилноста во овој регион, во вашата земја која е од големо значење за регионот на Западен Балкан, и затоа го продлабочуваме нашиот политички дијалог и нашата практична соработка“, рече Столтенберг по средбата со Кришто и членовите на Советот на министри.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button