ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако партиите договорат избори на 8 мај, Техничка влада се бира во јануари

Собранието е отворено за работна средба меѓу политичките партии за датумот на изборите, изјави спикерот Талат Џафери. Но, таа средба може да се случи по активностите кои се веќе на дневен ред во Законодавниот дом. Слободниот простор е од 4 до 5 декември или по 10 декември доколку партиите се договорат. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе прифатија дека 8 мај е отворена опција за двојни избори, односно за втор круг од претседателските и за парламентарните избори.

„Доколку се претпостави дека 8 мај ќе биде денот кога би се одржале редовни заеднички претседателски и парламентарни избори, рокови за распишување се крајот на февруари, 27-28 февруари со рок за избор на техничката влада, во оваа случај, за избор на заедничка, тоа ќе биде крајот на јануари, 27-28 јануари“, рече Џафери.

На претстојната работна средба за датумот на изборите ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата би сакала и побрзи избори.

8 мај е единствената можност кога законски и двата изборни циклуса би биле во рамките на роковите за да се сметаат за редовни и за нив да важат вообичаените законски одредби.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button