ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ако забележите неправилности во цените јавете се на овој број

Министерот за економија, Крешник Бектеши ги повика граѓаните да пријават ако забележат дека трговците не се придржуваат кон одлуките за замрзнување на цените.

Ги повикувам граѓаните во случај на драстично поскапување на основните прехранбени производи да се јават на бесплатниот број 191 на Државниот пазарен инспекторат“, рече Бектеши.

На оваа бесплатна телефонска линија, вели Бектеши, сите граѓани можат да пријават неправилности на трговците кои не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Потсетуваме дека врз основа на Одлуката објавена во Службен весник, почнувајќи од 06.12.2021 година, цените што се применуваат на 01.12.2021 година се зголемуваат во трговијата на големо и мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за готвење, свежо масно млеко од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месо и месни производи и сирење и урда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button