СПОРТФУДБАЛ

Ал Итихад, со понуда од 250 милиони евра за Салах

Саудискиот Ал Итихад се одлучи по секоја цена да стигне до потписот на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Делегација од Саудиска Арабија пристигна во Англија во обид да ги убедат „црвените“ за трансфер на „фараонот“, а понудата достистгнува сума од 215 милиони фунти односно 250 милиони евра. Ова би го надминало досегашниот трансфер на Нејмар од летото 2017 година кога за 222 милиони евра замина од Барселона во Пари Сен Жермен.

На Салах, пак, му нудат 2,45 милиони фунти неделно или 127 милиони фунти годишно, што е безмалку 150 милиони евра, плус бонуси и тоа проценти од продажба на дресови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button