ВЕСТИРЕГИОН

Албанска листа одби да влезе во владата на Црна Гора

Албанската листа одби да влезе во владата на Здравко Кривокапиќ. Ваква одлука беше донесена доцна синоќа на седницата на Претседателството.

Претседателот на општина Тузи, Ник Ѓељожај, објави дека албанската листа донела ваква одлука поради составот на владата, но и одредени лични решенија и оти нема искрена покана за малцинствата да бидат во владата.

Тој вели дека немале преговори, туку разговори.

„Ги слушавме обете страни, направивме анализа и одлучивме дека тие не можат да преземат одговорност да бидат во таков концепт“, рече Ѓељошај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button