ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Експлозија и пепел, еруптираше вулкан во Италија

Вулканот Стромболи во Италија повторно се разбуди. Регистрирани се серија експлозии после кои се создал висок столб пепел во воздухот, покривајќи неколку населени места со пепел, пренесува италијански „Ил Матино“.

Вулканот Стромболи, на истоимениот остров недалеку од Сицилија, е активен 2500 години. Италијанското здружение за вулканологија објави дека пирокластичниот проток на блескава карпа и гас што бил исфрлен за време на ерупцијата, ја зафатил околината на кратерот, но исто така стигнал до морето, оддалечувајќи се од брегот дури 200 метри.

Ова е последна во низата експлозии на Стромболи, па жителите на островот се плашат од поголема вулканска ерупција. Стромболи беше активен и пред пет дена, кога се случи мала експлозија, додека во серија експлозии што се случија во јули, едно лице загина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button