МАКЕДОНИЈА

Албанска опозиција: „ДУИ го злоупотребува Охридскиот договор за изборна кампања“

Алијансата за Албанците оценува дека ДУИ го изневерува и го злоупотребува Охридскиот договор, но и они кои го загубиле животот поради него. Според опозицијата, придобивките од Охридскиот договор се големи, но придобивките од концертите и забавите денеска се само кампања за локалните избори.

„По 20 години, Охридскиот договор и понатаму е тема на дискусија и ниту еден од столбовите на овој договор не е заокружен. Обврските од договорот сè уште не се исполнети, како што се правичната застапеност, социјалната и економската еднаквост, уставната еднаквост на граѓаните во земјата, квалитетното образование, меѓуетничките односи, ресоцијализацијата на учесниците во конфликтот, вистинската децентрализација на власта, нефункционирање на Бадентер и европската интеграција. За иронијата да биде поголема, денеска се трошат 500.000 евра за организирање на забава, предизборна забава на владејачките партии, додека оние кои беа најзаслужни, семејствата на паднатите борци и учесниците во војната во 2001 година, се борат за опстанок со неизлечени рани, па многумина од нив тргнаа на печалба“, рече Зилфи Адили, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button