МАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција побара одговор за законот за правична застапеност

Албанската опозиција бара одговорност од Владата за тоа до каде е законот за правична застапеност, кој се подготвува повеќе од шест месеци. Пратеникот Блерим Беџети од Европскиот фронт, во отсуство на министерот за администрација, Горан Минчев, го праша премиерот зошто нема информации за работната група и каква е состојбата со овој закон.

Advertisements

„Верувам дека било вие господине премиер било министерот во отсуство ќе најдете сила еднаш засекогаш да бидете јасни и прецизни, да го почитувате уставот, да го почитувате духот на Охридскиот договор и еднаш засекогаш да покажете дека Владата има програма за работа во кој месец треба да се реализира овој акционен план, бидејќи Изет Меџити и Арбен Фетаи се уморија велејќи овие две недели, овие две недели. Стана како хумор, еднаш овој четврток па после другиот четврток, прашањето за Законот за правична и соодветна застапеност. Јавните лица треба да се држат за збор“, вели Беџети.

Но, премиерот Мицкоски го потсети Беџети дека токму владата предводена од СДСМ и ДУИ дала зелено светло за укинување на балансерот. Вели дека законот е готов, но внимаваат да не се подготви половичен закон. Ветува дека лично ќе го презентира пред пратениците во Собранието.

Во однос на законот за правична и соодветна застапеност, вчера вицепремиерот Арбен Фетаи рече дека се очекува оваа недела да се одржи завршниот состанок на работната група и потоа заедно со премиерот да го презентираат пред Собранието, но не даде временска рамка кога тоа може да се случи. Од септември минатата година, Фетаи во неколку јавни настапи изјави дека конечниот нацрт на овој предлог закон ќе биде објавен „идната недела“, но досега не е објавен никаков нацрт.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button