„Влада“, Таравари: Уште една можност за ВРЕДИ

Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, реакциите на ВРЕДИ дека не може да се биде и со ДУИ и со ВРЕДИ ги смета за емотивни реакции, неумерени и полни со горчина и нервоза. Таравари вели дека на ВРЕДИ им дале можност да размислат дали сакаат да соработуваат на локалните избори.
„Му дадовме уште една шанса на ВРЕДИ, ако се заинтересирани… Сега гледам дека реагираат емоционално. Овој период на емоции, верувам, трае 6-7 дена. Ако не се подготвени, ги гледаме опциите што можемеда ги разгледаме како партија за да направиме подобро на локалните избори. Реакциите ги гледам како емотивни, многу горчливи. Ова зборува дека имаат нешто во потсвеста па зборуваат вака. Сега сметам дека се непромислени изјави“, рече Таравари.
Во однос на прашањето за нивното учество во Владата по одвојувањето од ВРЕДИ, Таравари посочува дека тие ќе бидат дел од извршната власт се додека премиерот Христијан Мицкоски не го каже спротивното.
„Владата ја формира премиерот. Ако премиерот, јас разговарав со премиерот. Ќе разговараме повторно и ако тој смета дека Алијансата за Албанците не треба, немаме никаков проблем. Сепак, мислам дека Алијансата за Албанците треба во моментов, но ако ја одобрат таквата одлука немаме никаков проблем. Никој друг не може да каже, освен оној кој ја формира владата. Ќе се видиме со него, ќе се слушаме, ние сме во комуникација“, вели Таравари.
Политичките турбуленции и предупредувањата за заминување на АА од владата започнаа кога АА одлучи на последниот состанок на претседателството да излезе со посебни листи за општински советници, а не за заеднички кандидати со партнерите на ВРЕДИ на локалните избори. Потоа, од ВРЕДИ истакнаа дека оваа постапка на АА значи самоисклучување од коалицијата, а ВРЕДИ и ЗНАМ бараат отстранување на Таравари од Владата.
Суад Бајрами