ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција со критики за завршениот попис

Албанската опозиција има голем број забелешки за завршениот попис на населението и домаќинствата. Според Алијансата за Албанците и Алтернатива, постојат недоследности во податоците за домаќинствата и за дијаспората. Според нив, во податоците од Заводот за статистика на Германија е наведено дека до крајот на 2020 година во таа земја живееле 128 илјади државјани на Македонија. Од Алијанса – Алтернатива бараат да се разјасни колку граѓани на С. Македонија имаат германско државјанство, но и колку наши граѓани заминале во Германија со бугарски пасоши. Според албанската опозиција, има проблем и со други аспекти во пописот затоа што се покажува дека над 41 процент од семејствата имаат повеќе од еден стан.

„Се заклучува дека кај нас имаме 269.080 станови повеќе од домаќинства. Ова е многу интересна вредност. Ова значи дека 41,09% од семејствата во нашата земја имаат повеќе од еден стан. Затоа, го повикуваме Државниот завод за статистика, доколку е можно, да го утврди бројот на живеалишта во кои живеат две или три семејства, за време на обработката на податоците, со цел да имаме поточна слика за станбената политика во земјата. Бидејќи според овие податоци, може да се каже дека нашата земја на чудесен начин го решила станбеното прашање“, рече Халил Снопче- Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button