МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците бара Јавното обвинителство да го испита скандалот „Титаник“ во Чаир

Алијанса за Албанците бара Јавното обвинителство да го испита скандалот „Титаник“ во скопски Чаир, за дивоизградениот објект. Според нив, станува збор за инвеститори блиски до власта. Албанската опозиција до обвинителството достави материјални докази објавени во медиумите пред една недела, за кои, според нив, Обвинителството требало да реагира благовремено.

„Овој случај е кулминација на многуте афери со узурпација на јавниот простор и со дивоградби. Потребен е урбанистички план во најгусто населената општина во Европа. Во меѓувреме, Јавното обвинителство не презема ниту еден чекор и сосема замижува пред објект кој во Чаир на жителите им го крие и сонцето“, рече Бујаре Абази, Потпретседателка на АА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button