ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ја претстави својата работа во првите 100 дена од учеството во Владата

Алијанса за Албанците инсистира на отстранување на 20 отсто од Уставот. Првиот човек на партијата Арбен Таравари рече дека продолжуваат со демократски средства да го исполнат ветувањето за отстранување на 20-те проценти. Тој рече дека за ова прашање разговарал со сите политички партии.

„Со сите албански и македонски политички партии разговаравме околу 20%. Пред телевизија зборуваат едно, со нас кога седат со нас на маса зборуваат друго. Воопшто не ми е гајле за ДУИ. Тие имаат свој став, тие се партија во себе. Ме интересира што велиме како Алијанса за Албанците и повторувам дека ќе продолжиме со сите демократски средства да ги отстраниме 20% за кои барам поддршка и од македонските политички партии бидејќи со тоа тие би се соживеале со нас, затоа што сето ова време безрезервно ги поддржувавме“, рече Таравари.

Презентирајќи ја 100-дневната работа на Алијанса во Владата, Таравари рече дека подготвуваат повеќе иницијативи за борба против корупцијата и реформи во судството. Запрашан до каде стигнале со имплементацијата на договорот за влез во Владата, чиј дел е и ветингот, првиот човек на Алијанса рече дека состојбите во судството се наследени со децении, а преземале мерки за враќање на вербата во правдата. Тој ја коментираше и судската одлука за модуларната болница во Тетово.

„Ќе ја издвојам подготовката на меѓународна конференција за изнаоѓање најдобар модел за проверка на правдата… Апсолутно е невозможно за некој одговорен за 14 смртни случаи да има казна затвор од една и пол година, јас исто така не се согласувам во принцип“, додаде Таравари.

Во презентацијата на работата на Алијанса за Албанците во првите 100 дена, претседателот на партијата Арбен Таравари рече дека подготвуваат и многу иницијативи за подобрување на животот на граѓаните, а фокусот ќе биде ставен и на поддршката на младина.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button