МАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците на локалните избори оди со Алтернатива, но останува отворена за соработка

Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии.

Како што наведуваат извори во партијата на брифинг со новинарите, раководството на АА нема да им го ускрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани и политички партии.

Тие велат дека да се соработува во политиката не е лоша работа и нудат соработка, но останува на останатите партии да одговорат на таквата понуда и подадена рака.

Сепак од партијата брифираат дека нема да дозволат да бидат вовлечени во „некакви каши“, нагласувајќи дека е дојдено време кога политиката треба да биде чиста работа за да се обезбеди чисто општество и почитување на правата на сите граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button