СПОРТ

УЕФА ја казни ФФМ со 10.000 евра

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 10 илјади евра поради кршење на анти-ковид протоколите за време на Европското првенство. Не се даваат подетални информации за што точно станува збор, но беше потврдено дека прекршувања биле забележани на третиот натпревар, оној против Холандија во Амстердам. ФФМ има рок од 90 дена да го плати овој износ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button