ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Алкалоид со инвестиција од 19 милиони евра го удвои производството на таблети

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ на свечена церемонија го промовираше реновираниот објект од 6.200 м2, со што ќе се удвои капацитетот за производство на таблети од 2 на 4 милијарди годишно. Според раководството на компанијата, инвестицијата од 19,4 милиони евра е најголема во последните две децении на фармацевтскиот пазар. На одбележувањето на почетокот на работата на новата техничко-технолошка единица за производство на лекови, генералниот директор на оваа компанија Живко Мукаетов рече дека овој проект започна во април 2021 година и за него се ангажирани 30 домашни и 16 странски компании. Тој рече дека опремата е по најнова технологија и ќе биде ставена во целосна функција од стручен кадар за најквалитетни производи.

Во 2023 година Алкалоид имаше консолидиран промет од 268,3 милиони евра. Како резултат на овој континуиран петкратен раст, во последните 15 години се реализирани инвестиции во вредност од 220 милиони евра. Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во над 40 земји во светот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button