ВЕСТИЗДРАВСТВО

Променливото време ги зголеми повиците за помош

Деновиве севдочиме на промените во температурите типични за крајот на март – од сонце, до дожд и снег.

Драстичната промена на времето влијае на здравјето. Дел од граѓаните се жалат дека се соочуваат со здравствени проблеми поради променливото време.

Од Брза помош велат дека периодов имало зголемување на повици за помош. Лекарите препорачуваат зголемено консумирање на вода, овошје и зеленчук.

„Зголемен е бројот на нормални повици, обично имаме повеќе луѓе кои бараат помош кои имаат проблеми со отежнато дишење, знаејќи дека промената на температурите обично ги погодува луѓето со болести на кардиоваскуларниот систем, како што е висок крвен притисок. Ние лекарите препорачуваме овие луѓе обично да земаат терапијата, редовно да мерат крвниот притисок, особено оние со висок крвен притисок“, рече Рихад Реџеп, брза помош.

Во меѓувреме, според синоптичарите, повеќе нема да има ниски температури. За време на викендот температурите ќе бидат летни и се очекува да достигнат и до 28 Целзиусови степени.

Според последните анализи, температурите оваа пролет ќе бидат повисоки од вообичаените за овој период од годината, но ќе има и обилни врнежи од дожд.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button