ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО се уште не ги потврдува коалиционите партии

ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги потврди имињата на сите партии кои се очекува да се здружат со нив во предизборна коалиција. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, вели дека разговарал и е во разговори со дел од партнерите кои биле и во владеачката коллиција.

Маневар за ублажување на поразот ја нарекува шефот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одлуката на ДУИ да коалицира со други партии, вклучително и неалбански партии. Но, тој не очекува коалицијата да успее.

Досега транзицијата од власт во предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ја потврди само Стојанче Ангелов со неговата партија Достоинство, а од опозициската партија соопштија дека разговараат, меѓу другото, и со Обединети за Македонија на Лубе Бошковски, со Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, но и со други помали партии на власт, без да прецизира кои.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button