СПОРТ

Алкараз преку Зверев стигна до полуфиналето на Индијан Велс

Карлос Алкараз ја продолжи одбраната на титулата во Индијан Велс откако на доминантен начин го совлада Александер Зверев со 2-0 (6-3, 6-1). Мечот беше во прекин речиси два часа поради инвазија од пчели на главниот терен, а од долгата пауза посконцентриран излезе Алкараз и брзо ја заврши својата работа. Подолго траеше прекинот отколку самиот меч бидејќи двајцата тенисери на теренот беа вкупно 79 минути.

Во првиот сет, Алкараз направи брејк во четвртиот гем по што не му дозволи на противникот да одговори. Во вториот, шпанскиот тенисер отвори со 4-0, потоа направи уште еден брејк и експресно се пласира во полуфиналето.

Таму ќе се сретне со Јаник Синер кој ја продолжи победничката серија по триумфот против Лехецка. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Медведев и Пол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button