ВЕСТИСВЕТ

Претседателските избори во Русија ќе траат три дена

Во Русија од утрово започна тридневното гласање за избор за претседател на државата. Како што пренесуваат странските медиуми, се рпогнозира сека тридневните претседателски избори со сигурност ќе му донесат на досегашниот претседател Владимир Путин уште еден шестгодишен мандат на власт, бидејќи нема вистински противници.

Гласањето во Русија започнало со отворање на избирачки места на рускиот далечен Исток. Изборите во земјата што опфаќа 11 временски зони ќе траат до недела вечер. Последните избирачки места во Калининград на Балтичкото море се затвораат во 20 часот по локално време.

Руските државни агенции за истражување на јавното мислење веќе прогнозираа дека 71-годишниот Путин, кој е на власт речиси четвртина век и бара петти мандат, ќе добие повеќе од 80 отсто од гласовите.

Тоа, според анкетите, би бил неговиот најголем резултат досега.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button