ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АЛСАТ: По филмска бркотница уапсени двајца за пукањето врз полицаецот во Ѓорче

Полицијата вечерва на Качанички пат уапси две лица осомничени за пукањето врз полицискиот инспектор што се случи попладнево во скопската населба Ѓорче Петров.

Екипа на Алсат вечерва забележа големо полициско присуство на Качанички, а од МВР ни потврдија дека се уапсени две лица кои со возило голф бегале во тој регион.

Бркотницата следува откако претходно денеска кај кружниот тек во близина на црквата во Ѓорче се случи оружен инцидент во кој беше ранет полициски инспектор. За него неофицијално се дознава дека бил З.Р., син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. Повредениот е пренесен во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Причините за инцидентот засега се непознати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button