ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) АЛСАТ: Рашковски ќе градат супер-хациенда од 800 м2 во Побожје, еве што сè ќе има во неа

На падините на планината Скопска Црна Гора на 20 километри од центарот на градот се наоѓа викенд населбата Побожје. Луксузна хациенда тука ќе гради семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата. Инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца. Вака изгледа просторот на „Гугл Мапс“. Но, во Побожје сосема друга состојба. Плацот е веќе израмнет како тепсија и тоа на површина од неколку илјади квадрати. На терен има и два багера.

На плацот, според имотниот лист, постоеше викенд куќа од околу 60 – на метри квадратни. Сега просторот е порамнет. Според нашите информации и проектот кој треба да се изгради тука, станува збор за куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина.

Големиот градежен зафат во кој имавме увид предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.

Просторот е расчистен. Исечени се дрвјата околу плацот. На имотот како сопственици се јавуваат децата на Рашковски. Но и самиот тој во Побожје поседува 11 илјади метри кавдаратни земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист кога дојде на функцијата Генерален секретар на Влада. Го купил потоа за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.

„Доклку ние утврдиме ралика во имотот што е пријавен и месечните примиња што ги има, таков е нашиот Закон, одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш се вклучуваат и други институции“, рече Билјана Ивановска, Претседател на ДКСК.

Алсат побара став од Драги Рашковски за луксузната вила. Му испративме порака за став. Одговор не добивме.

„Да се слушнеме за став за објектот што ќе го градите во Побожје, со оглед на тоа што барањето за дозвола за градба сте го поднеле до општина Чучер Сандево…“, пишува во пораката до Рашковски.

Во Чучер Сандево од Секторот урбанизам ни потврдија дека до нив пристигнало барање за дозвола за градење на име на неговите деца. Документот пристигнал вчера и е заведен во архива. Од општината ни објаснија дека за хациендата од над 800 метри квадратни, Рашковски ќе треба да платат по 10 евра за метар квадратен или над осум илјади евра за комуналии. Иако просторот се водел како земјоделско земјиште, се наоѓал во викенд населбата и со барањето за градба, велат од општината, добил статус на градежно земјиште.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button