ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, жителите на Дреновец мора да купуваат вода за 300 денари кубик

Жителите на горниот дел од Тетово две недели немаат вода за пиење. Поради тоа, некои од домаќинствата во населбата Дреновец се принудени да плаќаат по 300 денари за илјада литри вода која им ја носат од други делови на градот. Но, ниту таа не е за пиење бидејќи резервоарите не се чисти.

Дали пиете вода од ова? Да, колку само пари плаќам за моторот. Една капка доаѓа од еден или два часот, полниме и нема повеќе. Понекогаш нема, купуваме повеќе, дури можам да ви го покажам и човекот што продава. Ни носи за 300 денари 1.000 литри. Со струја се полни и се празни, ја полниме водата, треба да работиме само за вода. Јас сум во оваа населба 25 години, без хидрофор нема вода.

Од ‘84 година имаме проблем со водата во Дреновец, во времето на Југославија имавме и сега имаме проблеми со вода. Веќе две недели немаме капка вода. Пред извесно време имавме полни бунари, но сега веќе две недели немаме ни капка. Уништив два автомобила носејќи вода. Месецот Рамазан почна, потребна е хигиена, со кофи дали може човек да се мие? Не може.

Отсекогаш сме се жалеле, но залудно, никој не ни помага.

 Првиот човек на Месната заедница во Дреновец вели дека во Јавното претпријатие воопшто и не им одговараат на телефонските повици, а не пак да прифатат средба.

 „Вчера го барав директорот на ЈКП, но не ми одговори на телефон. Барам да ни испратат цистерни за да имаме вода да ги наполниме бунарите, да имаме за хигиена и за миење садови.“

Од општинското јавно претпријатие велат дека недостигот на вода се должи на намалувањето на водостојот во изворите и им препорачуваат на жителите да користат вода што е можно порационално за да има притисок во горните населби на градот. Од друга страна, доколку ваквата состојба продолжи и во наредните денови, жителите од населбата Дреновец се закануваат дека ќе протестираат пред општината.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button