ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Хирурзи за првпат успешно пресадија животински бубрег на човек

Лекарите од Општата болница во Масачусетс објавија дека модифициран свински бубрег за првпат успешно е трансплантиран на жив човек. Експерименталната трансплантација е извршена во саботата во болница во Бостон.

„Четиричасовната операција, извршена на 16 март, означува голема пресвртница во потрагата за обезбедување подостапни органи за пациентите“, се неведува во соопштението на болницата.

Се додава дека пациентот кому му беше пресаден модифицираниот свински бубрег, 62-годишниот Ричард Слејман од Вејмут, Масачусетс, успешно закрепнува и наскоро се очекува да биде отпуштен од болницата.

Свинскиот бубрег бил обезбеден од еGenesis – биотехнолошка компанија која развива органи и клетки компатибилни со човекот за третман при откажување на органите.

Органот бил генетски модифициран за да се отстранат гените кои може да бидат штетни за примачот, а додадени се и одредени човекови гени за подобрување на компатибилноста. Дополнително, компанијата деактивирала одредени вируси кои се специфични за свињите, а кои имаат потенцијал да заразат луѓе.

Оваа експериментална трансплантација го означува најновиот развој во ксенотрансплантацијата – термин кој се однесува на напорите да се обидат да се излечат човечки пациенти со животински клетки, ткива или органи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button