ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анализа: 40% од рочиштата во кои се обвинети политичари се одложуваат

Анализа: 40% од рочиштата во кои се обвинети политичари се одложуваат

Покрај болката, оштетените по втор пат се казнуваат со тоа што со години не успеваат да ја добијат правдата како резултат на одолговлекувањето на судските процеси. Ова е една од најголемите слабости на правосудниот систем која, доведе до спас на сторителите на разни криминални дејствија, поради застареноста на предметите. Иронично, судот не е толку неефикасен кога станува збор за обични граѓани кои го прекршуваат законот, но, во повеќето случаи од јавен интерес, каде обвинети се функционери и поранешни функционери, тој затвара очи. Ова го потврдува и анализата на „Сите за правични судења“, каде што биле следени 310 судски рочишта од областа на организираниот криминал и корупцијата, во кои се опфатени најголем дел од случаите на политичари.

„Од анализата на општите податоци за 2022 година, произлегува дека 42 отсто од главните расправи за предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата се одложени. Ако се направи споредба со податоците за 2020/2021 година, според кои 37% од вкупно следените седници во последните две години се одложени, евидентно е дека има благ нагорен тренд кога станува збор за одложувањето на главните седници“, велат од Сите за правично судење.

Своето незадоволство од текот на судските постапки го изрази  и шефицата на Судскиот совет, Весна Данева. Таа се пожали на недостиг на судски кадар и судии во земјава. Сепак, надежта ја гледа во координаторите за следење на работата на судиите.

Но, оваа мерка ја донесе поранешната шефица на Судскиот совет, Павлина Цервенковска и се покажа како неуспешна. Таа го заврши својот мандат со над 100.000 нерешени судски случаи. Некои од случаите од јавен интерес каде се чека судски епилог се несреќата на Дурмо турс во Ласкарци, несреќата на автобусот на Беса Транс во Бугарија, опожарувањето на Модуларната болница,  како и предмети отворени од поранешното Специјално обвинителство каде главни обвинети се поранешни функционери. Имено, министерот за правда Никола Тупанчевски го критикуваше феноменот на чување судски предмети во фиоки, но ништо не се презема во оваа насока./Алсат.мк

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button