ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бизнис мрежа: Во 2022 се затвориле околу 7000 компании

Бизнис мрежа: Во 2022 се затвориле околу 7000 компании

Речиси седум илјади компании пропаднале во текот на 2022 година. Податоците на Бизнис мрежа, компанија која врши истражувања на пазарот велат дека најголем дел од згаснатите фирми биле микро и мали, но имало и неколку од големите компании кои имале сериозен удел во Бруто домашниот производ на државата. Економската криза и надворешните влијанија предизвикани од војната Во Украина имаат големо влијание и врз бизнис климата во Македонија.

„Во дејноста на трговија на големо и мало имаме најголем број на згаснати компании и тоа 2134, во преработувачката индустрија имаме 882 компании, во дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна имаме 677 и во градежништво 506 компании. Најголем број на згаснати компании има во градот Скопје со 2299 компании , потоа следи Битола со 411 компании, потоа Тетово со  385, Куманово со 304,  Гостивар со 305 компании“, рече Огнен Огненовски Таргет Груп.

Бизнисот не очекува ниту годинава да има подобрување на економската активност. За годинава како главни предизвици на стопанствениците им се пребродување на енергетската криза, намалување и стабилизација на инфлацијата, како и задржување на квалификуваната работна сила во Македонија.

„Првиот предизвик ќе биде намалувањето на инфлацијата, без тоа негативно да влијае врз забавување на економскиот раст. Потоа шоковите коишто доаѓаат од зголемувањето на енергијата и на храната. И трето, долгорочното преструктурирање на македонската економија кон позелена економија, автоматизација и дигитализација сѐ со цел да стане поконкурентна, подинамична и да води кон зголемување на животниот стандард“, велат од Стопанска комора.

Не само во Македонија, песимистички најави за тоа како ќе се движи економијата на глобално ниво пристигнуваат и од меѓународните финансиски институции. Според ММФ една третина од државите во светот годинава ќе влезат во рецесија./Алсат.мк

Иле Петрески

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button