ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анализа на дебата за Францускиот предлог

Експлозија на говор на омраза во јавноста по прашањето за францускиот предлог регистрираат дел од аналитичарите, според кои земјава е податлива средина за ширење дезинформации. Дел од нив велат дека и молкот на институциите во таков сензитивен период придонел за ваквата појава и за употребата на националистичка реторика, која од социјалните мрежи се прелеала и во законодавниот дом.

Advertisements

„Ние бевме сведоци на исклучително силен говор на омраза во Собранието и во дебатата што се водеше таму, која не ги поштеди ниту гостите што ни дојдоа тој период за да нè убедат дека македонскиот јазик со ништо не е загрозен“, рече Зоран Бојаровски – аналитичар.

„На една од најдемократските заедници на планетата, таа унија на европски држави, наречена Европска Унија ѝ соопштувате дека се фашисти, недемократи и им соопштувате дека имате црвени линии и ќе се приклучите во ЕУ кога ЕУ ќе се реформирала и демократизирала….“ рече Катерина Колозова – филозоф.

Во анализата на Институтот за медиуми и аналитика „ИМА“ се наведува дека со дезинформациите се подгреале и националистичките страсти кои можеле да доведат до дестабилизација на општеството. Аналитичарот Сефер Тахири, коментирајќи го известувањето за францускиот предлог на медиумите на албански јазик вели дека тие се фокусирале на изразеното „анти-албанство“ за време на протестите на опозицијата. Според Тахири, во овие медиуми преовладувал и позитивниот тон кон евроинтеграциите.

„Медиумите на албански јазик, политиката, но и научната мисла, по сè изгледа ја следеа филозофијата на албанските преродбеници, која вели дека „Сонцето за Албанците изгрева на Запад“. Оваа уредувачка линија се следеше и при известувањето и дебатата за „францускиот предлог“ за решавање на споровите меѓу Скопје и Софија“, вели Сефер Тахири – аналитичар.

Според аналитичарите, една од најголемите дезинформации кои се појавиле е дека македонскиот јазик не бил споменат во преговарачката рамка, а како генератор на слични дезинформации и заговори, покрај дел од партиите, прстот го вперија и кон МАНУ.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button