ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Опозицијата најави дека ќе гласа за продолжување на кризната состојба

Како започна, така и завршува дебатата помеѓу власта и опозицијата за прогласување на кризната состојба во енергетиката. Обвинувања и навреди за тоа кој е виновен за скапата струја во земјава и мерките кои се носат за намалување на негативните ефекти. Опозицијата најави дека и покрај се, сепак ќе гласа за продолжување на кризната состојба до април идната година, но обвини дека тоа власта ќе го користи за да договара тендери во четири очи. Од мнозинството пак, велат дека продолжувањето на оваа состојба е од огромно значење за граѓаните бидејќи зимата ќе може непречено да се набавува струја од странство и да се купува јаглен, гас и мазут.

„Ние сакаме да слушнеме план и отчетност. Отчетност за тоа каде се трошат парите, каде ќе завршат парите, дали ќе завршат кај тие компании кај што им е потребно да произведат електрична енергија, за кризната состојба да не го носи тој наслов“, рече Бојан Стојановски – ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме подготвени да разговараме со секого вклучително и со господинот Мицкоски за да ја надминеме оваа криза и тоа што полесно и тоа со сите компании било тоа да се државни или локални“, изјави Крешник Бектеши министер за економија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button