ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анкета на Алсат: „Заработувате ли дома 1.000 евра месечно?“ Еве ги одговорите…

Анкета на Алсат: „Заработувате ли дома 1.000 евра месечно?“ Еве ги одговорите...

Иако според Сојузот на синдикати потрошувачката кошничка за едно просечно семејство достигна речиси 1.000 евра за еден месец, скоро ниту еден од анкетираните граѓани не ни потврди дека месечниот семеен приход стигнува до таа сума. Многумина штедат и живеат само со најнеопходното, други се снаоѓаат, а трети преживуваат благодарение на печалбарите.

„Земате ли 1.000 евра дома? 1.000 евра плата? Во вашата куќа? Не. Едвај стигнуваме до 300-400 евра. Можеме да стигнеме некако затоа што имаме печалбари живи и здрави да се, со помош на нив инаку не останува ништо“, рече еден граѓанин.

„Лицата со посебни потреби живеат со 11.000 денари, голема срамота, некој зема 2.500 евра плата, а лице со посебни потреби живее со 11.000 денари, каде само за лекови се трошат 12.000 денари“.

Рековте дека парите што ги добивате веднаш ги трошите за лекови, како излегувате на крај до крајот на месецот?“
„Треба да го прашате Талат Џафери, сега кога е премиер Албанец вели дека може да направи сè за граѓаните“, нагласи еден граѓанин.

„Тројца сме. Струјата ни доаѓа скапо, чини 100 евра, 300 евра.
Дали добивате плата? Не, не, освен јас што добивам 6000 денари„, изјави друг граѓанин.

„Јас сега гледам некои плати, колку што знам, бидејќи дојдов од странство, се вратив. Колку што знам минималната плата е 21 илјада денари, не е соодветна плата. Треба да достигне минимум 30.000 затоа што кога работат двајца-тројца некако се излегува на крај. Не е во ред, како што кажавте претходно, голема корупција, многу се краде, бадијала стана премиер оној, бадијала“, рече еден граѓанин.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци за четиричлено семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари што е зголемување за 313 денари во однос на претходниот месец./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button