ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Се спрема паѓање на обвинението за нападот во М-НАВ

Експерти: Се спрема паѓање на обвинението за нападот во М-НАВ

Според експертите, олеснувањето на мерките за претпазливост против осомничените за нападот од 4 јануари во близина на контролниот центар за летови во М-НАВ е координирана акција меѓу Јавното обвинителство и осомничените. Целта е, како што велат, судот да се стави пред свршен чин и да констатира отсуство на кривичното дело. Адвокатот Ардијан Демири вели дека сите околности од 4 јануари до денес водат кон тоа осомничените да не одговараат за делото за кое се сомничат.

„Според мене, трендот на тоа што го кажува обвинителството не е ништо друго, туку подготовка за на крајот да достават предмет до Кривичниот суд кој ќе биде дефицитарен од аспект на докази и целата оваа ситуација ќе заврши како „се тресеше планината, се роди глушец“. Целата оваа ситуација, според мене, доколку се поставеше како што треба, ќе имаше повеќе елементи на кривични дела бидејќи во реалноста има повеќе дела“, рече Ардијан Демири, адвокат.

Јавното обвинителство соопшти дека мерките за претпазливост биле олеснети откако било констатирано дека повеќе не може да се влијае врз интегритетот на кривичната постапка.

„Надлежниот обвинител ги сослуша сите осомничени и сведоци, интегритетот на постапката е зачуван, не е нарушен и нема опасност да биде загрозен. Осомничените веќе немаат можност да влијаат врз доказите или врз правните дејствија што ќе се преземаат отсега. Повикувајќи се на фактичката состојба и практиката на Судот во Стразбур, обвинителот предложи олеснување на мерките на претпазливост за осомничените“, велат од Јавно обвинителство.

На 4 јануари група која според полицијата, биле предводена од првиот човек на ДУИ во Чаир, Беким Незири, насилно влегле во близина на контролниот центар за летови. Причина бил конкурсот за ангажирање контролори, односно критиките на синдикатот од каде обвинја дека власта вработува партиски војници. Во извештајот на вонредната контрола на Агенцијата за цивилно воздухопловство беше констатирано дека нападот не влијаел врз контролата на летање и не го загрозил воздушниот простор. Постапките доведоа до одлука на Владата да разреши двајца директори од управниот одбор на М-НАВ./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button